Достапни линкови

Шеќеринска очекува поддршка од НАТО за членство на Македонија


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која ќе присуствува на состанокот на Северноатлантскиот совет, посветен на мисијата „Одлучна поддршка“ во Брисел ќе оствари поголем број билатерални средби со нејзини колеги од земјите-членки на Алијансата и земјите партнери. Во пресрет на вечерашниот состанок, Шекеринска посочи дека целта на посетата е Македонија да ја изрази својата поддршка кон мисијата, но воедно да се истакне очекувањето дека земјата може да смета на идно членство во НАТО.

„Бевме партнер во тешки моменти на НАТО алијансата, очекуваме дека таа поддршка ќе се врати и со поддршка на Македонија за полноправно членство во НАТО“, истакна Шекеринска.

Македонија, како што порача ќе биде исклучително посветена на реформските процеси во областите во кои е посочено назадување.

XS
SM
MD
LG