Достапни линкови

Автомобил удри во полициско возило во центарот на Париз


Авенијата Елисејски Полиња во центарот на Париз е затворена откако возач со автомобил се удри во полициско возило по што автомобилот пламна, соопшти француската полиција денеска. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Пјер-Анри Бранде, изјави дека напаѓачот, кој бил вооружен, веројатно е мртов. Тој изјави дека се чини оти напаѓачот намерно се удрил во полицискиот автомобил.

Париското обвинителство отвори истрага за случајот која ќе ја води одделот за антитероризам и Внатрешната служба за безбедност.

Француската жандармерија соопшти дека ситуацијата е под контрола и оти никој не е повреден во инцидентот.

Полицијата претходно на Твитер напиша дека во тек е полициска операција и ги предупреди граѓаните да го почитуваат безбедносниот кордон.

Инцидентот се случи само два месеци откако на истата Авенија во терористички напад беше убиен полицаец. Во Франција има вонредна состојба поради неколкуте смртоносни терористички напади во изминатите години.

XS
SM
MD
LG