Достапни линкови

Украинскиот претседател во работна посета на САД


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко замина во работна посета на САД, соопшти неговиот прес-секретар Свјатослав Цехолко. Тој денеска на Твитер напиша дека Порошенко оваа недела за прв пат директно ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Патувањето на Порошенко во САД доаѓа неколку дена пред очекуваната средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин. Се очекува тие за прв пат да се сретнат на Самитот Г20 што ќе се одржи на 7 и 8 јули во германскиот град Хамбург.

Конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина се засилува и покрај мировниот договор од Минск.

XS
SM
MD
LG