Достапни линкови

Бројот на загинати од пожарот во Лондон се искачи на 79


Опожарената зграда во Лондон

Бројот на загинати или исчезнати во минатонеделниот пожар во висококатница во Лондон се искачи на 79, соопшти лондонската полиција, но оти тој број може да се зголеми со оглед на тоа што сè уште трае пребарувањето на зградата. Претходно полицијата рече дека има 58 жртви.

Пожарот изби утрото на 14 јуни во кулата Гренфел и брзо се прошири низ 24-катницата. Властите истражуваат кои се причините за пожарот.

Двајца британски претставници вчера рекоа дека може да биде забранет материјалот со кој неодамна беше направена нова фасада на зградата.


XS
SM
MD
LG