Достапни линкови

Киргистанскиот претседател во посета на Русија


Архивска фотографија: Средба на рускиот претседател Владимир Путин и Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбајев во Бишкек на 14 април 2017

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбајев денеска ја започна петдневната посета на Русија. Тој ќе разговара за билатералните односи меѓу двете земји со рускиот претседател Владимир Путин и со други руски претставници. Треба да бидат потпишани неколку документи за миграцијата, здравството и финансиите. Се очекува Атамбајев да разговара за економските односи со претставници на руските републики Татарстан и Башкортостан, кои јазично, културолошки и историски се блиски со Киргистан. Земјата е членка на Евроазиската економска унија, во која уште членуваат Русија, Ерменија, Белорусија и Казахстан. Во Русија има илјадници киргистански печалбари.

XS
SM
MD
LG