Достапни линкови

Комбе удрило во пешаци близу џамија во Лондон


Вооружен полицаец во близина на инцидентот во областа Финсбури Парк во северниот дел на Лондон, 19.06.2017.

Возило удрило во пешаци во областа Финсбури Парк во северниот дел на Лондон пред Муслимански социјален дом кој се наоѓа во близина на една џамија. Притоа биле ранети неколку лица, соопшти британската полиција. Исто така се додава дека било приведено едно лице по инцидентот кој се случи 15 минути по полноќ. Новинските агенции јавуваат дека на местото на настанот имало вооружени полицајци. Британскиот муслимански совет најпрвин на Твитер јави дека инцидентот се случил кога едно комбе „намерно“ удрило во верници кои ја напуштале џамијата. Но, потоа исто така на Твитер, Муслиманскиот совет напиша дека инцидентот се случил пред Муслиманскиот социјален дом, блиску до џамијата.

XS
SM
MD
LG