Достапни линкови

Македонските ракометари се пласираа на ЕП 2018


илустрација

Македонската ракометна репрезентација ја победи Чешка со 33:20 и го освои првото место во четвртата група во квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска. Капитенот Кирил Лазаров мечот го заврши со 11 голови, а „црвено-жолтите“ во текот на сите 60 минути ја имаа контролата на резултатот и во ниту еден момент не ја доведоа победата во прашање. На другиот натпревар од 6.коло во оваа група, Исланд на домашен терен ја совлада Украина со 34:26. Чешка како втора ЕП оди во Хрватска, а пласман на евро-шампионатот обезбеди и Исланд, како најдобра трето пласирана репрезентација од седумте квалификациски групи.

XS
SM
MD
LG