Достапни линкови

Поддршка за македонските евроинтеграции од Турција


„По решението на политичката криза време е да се создаде нов поттик за членството на Република Македонија во НАТО. Како и досега, ја очекуваме вашата отворена и гласна поддршка”, му рекол претседателот Ѓорги Иванов на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу на денешната средба во Скопје.

Во соопштението од кабинетот на претседателот се вели дека “Македонија високо ја вреднува поддршката од Турција за употребата на уставното имe на Република Македонија и интеграцијата на земјата во НАТО” додека Чавушоглу ја реафирмирал поддршката што Република Турција ја дава на европските и евроатланските интеграции на Република Македонија, укажувајќи дека Република Турција ќе биде доследна на таа континуирана поддршка.

“Македонскиот претседател и министерот Чавушоглу разменија мислења и информации за состојбите во регионот, за прашањата од надворешно политички интерес за двете земји, и за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Република Македонија и Република Турција. Во таа насока, претседателот Ивановја истакна потребата од размена на информации меѓу полициските служби и службите за разузнавање, преземање на заеднички акции, како и изнаоѓањето на ефективни средства и методи за превенција и борба против ширење на насилен екстремизам и тероризам”, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

Турскиот министер попладнево има средба со премиерот Зоран Заев и со неговиот македонски колега Никола Димитров.

XS
SM
MD
LG