Достапни линкови

Британската опозиција ги критикува локалните власти


Британскиот лидер на опозицијата Џереми Корбин изјави дека локалните власти во Лондон, кадешто во пожар загинаа најмалку 58 луѓе минатата недела немале ресурси да се справат со итни случаи од тој обем. Во телевизиско интревју тој изјави дека локалните власти и нивните служби биле неверојатни во справувањето со последиците од пожарот.

"Она што бешепомалку ефикасно е Кралската околија на Кенсингтон и Челзи, бидејќи се чинеше дека немаат ресурси за да се справат со криза од ваков обем во нивната околија, а сепак тие се најбогатиот реон на земјата", рече опозицискиот лидер.

Најмалку 58 жртви на пожарот можат да се сметаат за загинати, соопшти вчера лондонската полиција. Последниот официјален биланс на мртви изнесува 30 лица.

XS
SM
MD
LG