Достапни линкови

Чавушоглу во работна посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу денеска престојува во работна посета на земјава.

На средбата со македонскиот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на натамошно продлабочување на економската соработка. Министрите ќе разговараат и за актуелните теми во Регионот и пошироко, како и соработкатата на меѓународен план.

Во рамките на посетата, предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG