Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и коалициските партнери ќе ја претворат Струга во депонија


Во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и нивните коалициски партнери бидејќи, како што велат, со сопствената неспособност го загрозиле здравјето на граѓаните и животната средина ризикувајќи да ја претворат Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија.

„Владата на СДС дозволи граѓаните на град Струга да го дишат штетниот воздух десет дена. Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, бидејќи постои опасност повторно да се запали, а истовремено има ризик да ја контаминира земјата и подземните води кои се влеваат во Охридското Езеро и во реката Црн Дрим “,.се истакнува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ не ги сослуша барањата на граѓаните, бидејќи приоритет им е креирање црни сценарија за раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека е време СДСМ да почне да работи бидејќи ја води Владата на Република Македонија. Граѓаните, како што е посочено во партиското соопштение, сакаат работа и посветеност, како што тоа го правела владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG