Достапни линкови

57 мртви во пожари во Португалија


Во шумски пожари во централниот дел на Португалија загинале 57 лица, повеќето во автомобилите кои ги зафатил оганот на патот, соопштија официјални лица. Во областа Пердогао Гранди, 150 киломентри североисточно од Лисабон, 600 пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пожарите од вчера, изјави претставник на министерството за внатрешни работи. Според истиот извор 16 лица загинале во возилата, а тројца од задушување со дим. Државната телевизија јавува дека се повредни 20 лица, а 14 се наоѓаат во тешка здравствена состојба.Португалскиот премиер изјави дека истрагата е во тек, но дека пожарникарите веруваат дека причина за пожарите се високите температури кои деновиве достигнале до 40 степени.

XS
SM
MD
LG