Достапни линкови

Втор круг парламентарни избори во Франција


Денеска во Франција се одржува вториот круг парламентарни избори за новиот состав на парламантот, на кои според првичните анкети се очекува центристичката партија на новиот претседател Емануел Макрон да го освои апсолутното мнозинство.

Вкупно 66 546 избирачки места се отворени во 8 часот, а ќе бидат затворени во 20 часот, по што се очекуваат првите резултати од избирачките места. Право на глас имаат 47 милиони Французи, а изборите се одржуваат под засилени мерки на безбедност. Во целата земја има распоредено дополнителни 50 000 полицајци.

Макроновата Република во движење освои 32,32 отсто гласови во првиот круг, десничарските Републиканци 21, 56 отсто, а екстремниот десничарски Национален фронд освои 13,20 насто гласови. Социјалистичката партија која доскоро беше на власт освои 9,51 насто од гласовите. Париски Монд оценува дека победничката партија нема да има силна опозиција особено поради поделбите внатре во традиционалните партии, левицата и десницата во кои пак постојат стриу кои би ги поддржале најавените реформи на Макрон. Радикалната левица која сака да биде прва опозицијаверојатно нема да има доволно гласови да формира пратеничка група, додека пак екстремната десница според анкетите би освоила околку четири места во парламентот.

XS
SM
MD
LG