Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години криминално се богатеа


СДСМ во пишано соопштение наведува дека 11. години власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат запаметени единствено како години на криминал, корупција, сиромаштија и масовно иселување на работоспособното население надвор од државата.

„ВМРО-ДПМНЕ за скоро 11 години владеење имаа неброени шанси да направат нешто добро за граѓаните и државата. Но наместо тоа, Груевски и соработниците беа единстевните кои правеа се да ја осиромашат, изолираат и уназадат државата, додека во меѓувреме криминално се богатеа„ велат од СДСМ.

Затоа, као што наведуваат од СДСМ во соопштението, потребно е чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон демократизацијата и да започнат внтарепартиски реформски процеси и да се оградат од ретроградните, насилните и антидржавнички политики на Никола Груевски.

Тоа е добро и за државата, за демократијата но и за самото ВМРО-ДПМНЕ кое треба да биде конструктивна опозиција која активно ќе учествува во реформските процеси кои носат добро за сите, се вели во соопштението на СДСМ.

XS
SM
MD
LG