Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Нерешавањето на струшката депонија ја загрозува туристичката сезона


ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Владата е незаинтересирана за решавање на проблемот со дивата депонија во Струга и оти со тоа ја загрозува туристичката сезона на Охридското езеро.

„Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското езеро во депонија. СДС и нивните коалициски партнери со сопствената неспособност ја загрозуваат туристичката сезона на Охридското езеро, со што директно ја загрозуваат и егзистенцијата на стотици семејства чиј извор на приходи се средствата кои доаѓаат од туризмот," се вели во денешното соопштение на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека не смее да се игнорираат проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

XS
SM
MD
LG