Достапни линкови

Авганистанeц отворил оган врз припадници на НАТО


Четворица странски војници биле повредени кога авганистански војник отворил оган врз американската воена база во близина на северната провинција Балк, изјавиАбдул Катар Арам, портпарол на војската во Балк.Тој додаде дека инцидентот се случил надвор од Мазар-е Шариф, главниот град на провинцијата Балк. Локалните медиуми објавија контрадикторни информации и цитираа официјални безбедносни лица кои тврдат дека четворица војници биле или убиени или ранети. Силите на НАТО предводени од Соединетите Држави потврдија дека американски војници биле ранети во "инцидент" во кампот Шахин, но не го наведоа точниот број на повредените. Западните официјални претставници велат дека повеќето инсајдерски напади потекнуваат од личната нетрпеливост и културните недоразбирања.

XS
SM
MD
LG