Достапни линкови

Папата и Меркел разговарале за тероризмот и климатските промени


Папата Френсис и германската канцеларка Анѓела Меркел денеска меѓудругото разговарале и за опасностите од тероризмот и климатските промени. Папата и канцеларката се согласиле дека е неопходно да се посвети поголемо внимание на одговорноста на Меѓународната заедница во борбата против сиромаштијата и гладта, опасностите од глобалниот тероризам и климатските промени, се наведува во соопштението од Ватикан. Тема на разговорите биле и прашањата од заеднички интерес, особено претстојниот самит на групата Г20 во Хамбург, кој ќе се осврне на прашањата за климата и енергетиката. Меркел соопшти дека со папата разговарала и за имиграцијата, потребата за мултилатерален свет, а и двајцата изразиле жалење поради одлуката на САД да се повлечат од Парискиот договор за климата.

XS
SM
MD
LG