Достапни линкови

Почна „Баскерфест“ во Скопје


Со парада на учесниците, како и Градскиот дувачки оркестар и девојките од танцовиот клуб „Еурека“,синоќа во Скопје почна фестивалот на уличен театар под отворено небо – Баскерфест 2017.

На плоштадот Македонија во текот на десет дена на трите поставени бини ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19 до 23 часот. Има и детско катче за најмалите, каде што децата може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18:30 до 20 часот, а музичката програма ќе биде застапена секој ден од 22 до 1 часот по полноќ.

На годинешниов отворен театар се најавени многу интересни артисти од целиот свет меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес, господин и госпоѓа Бабл, дуото Мајсторот и Маргарита и други учесници. Во 2006 година Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал. Баскерфест е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.

XS
SM
MD
LG