Достапни линкови

Средба на мелничарите со министерот Николовски


Претставници на откупувачите на пченица денеска во Министерството за земјоделство имаат средба со министерот Љупчо Николовски на која разговараат за откупната цена на пченицата.

„По средбата со земјоделците на која ги скениравме состојбите и ги слушнавме нивните мислења и ставови, денеска ќе се сретнеме и со откупувачите на пченица со цел да ги направиме сите потребни анализи и да бидеме подготвени за евентуални одлуки коишто треба да се донесат„ изјави министерот Николовски пред средбата со мелничарите.

Тој при тоа оцени дека одлуката на претходната влада да продаде пченица од стоковите резерви во пресрет на жетвата е погрешна и ќе има негативно влијание на пазарната цена на пченицата.

На новинарско прашање, министерот Николовски посочи дека во моментот не може да каже дали цената на пченицата ќе биде пониска. Тоа ќе се утврди, како што посочи, од средбите на кои ќе ги соберат сите факти и аргументи за да утврдат колку се планира да се откупи пченица од страна на млинарите оваа година.

XS
SM
MD
LG