Достапни линкови

Кризата со Катар да се реши со дијалог


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остварил телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, при што тројцата лидери ја разгледале кризата поврзана со Катар, јави телевизијата „Си-Ен-Ен-Турк“. Лидерите меѓусебно се информирале за контактите кои ги оствариле при напорите за наоѓање на излез од конфронтацијата меѓу Катар и некои арапски земји во Персискиот залив и Египет. Тие навеле дека кризата побрзо ќе се реши преку дијалог, отколку со санкции. Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар и му наложија санкции, обвинувајќи го дека го поддржува тероризмот. Официјална Доха ги отфрли овие обвинувања.

XS
SM
MD
LG