Достапни линкови

Куба ја осуди реториката на Трамп


Кубанската влада ја осуди како што ја нарече непријателската реторика на американскиот претседател Доналд Трамп кој пак најави нова американска политика кон тој остров. Како што јавуваат агенциите, администрацијата на кубанскиот претседател Раул Кастро соопштила дека Трамповиот говор бил полн со непријателска реторика која потсетува на времето на отворената конфронтација. Сепак кубанската влада соопшти дека е подготвена да го продолжи дијалогот со САД за темите од заеднички интерес.

„Последните две години покажаа дека двете земји можат да соработуваат и коегзистираат на цивилизиран начин„ се наведува во соопштението на кубанската влада.

Инаку Трамп вчера објави поништување на договорот коj САД и Куба го склучија во 2014 година и во својот говор во Мајами го осуди како што рече бруталниот кубански режим.Тој рече дека новата политика ќе биде насочена кон спречување на приливот на пари кон кубанската војска, полиција и разузнавачките служби. Амбасадите ќе останат отворени, како и можноста на слетување на авиони и пристигнувањето на бродовите во кубанкото пристаниште, додека пак патувањата ќе бидат ограничени на оние со образовни цели.

XS
SM
MD
LG