Достапни линкови

Либиската крајбрежна стража пресретнала стотици мигранти


Либиската крајбрежна стража пресретнала пет гумени чамци во Средоземното море и еден брод кои превезувале 906 мигранти од Африка и Азија, соопшти либиската морнарица. Меѓу мигрантите имало 98 жени и 25 деца. Портпаролот на либиската крајбрежна стража изјавил дека еден од чамците почнал да тоне, додека дрвениот чамец немал мотор. Мигрантите на кои им била пружана помош се по потекло од Пакистан, Бангладеш, Египет, Либија, Мароко и други афрички земји. Сите се сместени во приватни центри, од кадешто ќе бидат вратени во земјите од кои доаѓаат.

XS
SM
MD
LG