Достапни линкови

Суспендиран твитер профилот на арапската Ал Џезеира


tweeter

Твитер го суспендираше профилот наАл Џезира на арапски јазик во услови на дипломатски спор меѓу Катар и арапските земји. Твитер не понуди објаснување за ненадејниот прекин денеска и покрај тоа што ова следува по блокирањето на веб сајтовите и емитувања на Ал Џезеира со седиште во Доха. Друг профил на Ал Џезира Арапски го опиша потегот како дел од "организирана кампања", на која се фокусирани. Ал Џезира соопшти дека е под виртуелен нападво услови на дипломатска криза. Социјалната мрежа Твитер со седиште во Сан Франциско не одговори на барањето за коментар. Еден од главните инвеститори на мрежата е саудискиот милијардер, принцот Алвалид бин Талал, член на кралското семејство.

XS
SM
MD
LG