Достапни линкови

Палестинците негираат поврзаност на ИД со нападите во Израел


Палестинските милитанти го негираа тврдењето на Исламска држава дека стои зад смртоносниот напад во Израел, велејќи дека се работи за нивни луѓе кои убија жена полицаец на должност во близина на Стариот град на Ерусалим. ИД издаде соопштение за преземање на одговорност за нападите во петокот вечерта.

"Евреите нека очекуваат на смрт на нивниот ентитет од рацете на војниците на калифатот", се вели во соопштението, нарекувајќи го нападот "одмазда за Божјата религија и за повредените светости на муслиманите."

Хамас и Народниот фронт за ослободување на Палестинските милитантни групи возвратија дека тројцата напаѓачи кои беа убиени биле нивни членови и ја обвинија ИД дека обидува да ја поткопа нивната битка. Во меѓувреме, израелски воени претставници изјавија дека нападите во петокот вечер биле спроведени од локални лица кои немаат формална врска со ниту една група.

XS
SM
MD
LG