Достапни линкови

Трамп го откажа договорот на Обама за затоплување на односите со Куба


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го откажува историскиот договор за затоплување на односите со Куба по повеќе од 50 години, кој кон крајот на 2015 година го постигна поранешниот американски претседател Брак Обама.

Со стапување во сила веднаш, јас го откажувам во целост едностраниот договор на претходната администрација со Куба, рече Трамп пред собраната маса приврзаници, повеќето кубански имигранти кои се противат на политиката на официјална Куба.

Трамп рече дека неговите нови правила ќе ги заострат условите за патување и праќање фондови на таа островска нација.Како што се наведува тој нема да поништи неколку дипломатски и комерцијални врски и нема да ја отстрани американската амбасада во Хавана. Комерцијалните летови ќе продолжат од САД, како и тоа дека Американците можат да донесат стока купена во Куба кога заминуваат од таа земја.

XS
SM
MD
LG