Достапни линкови

Владата наименува нови директори на УБК, БЈБ и на УЈП


Зградата на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија на денешната седница го наименува Лазе Велковски за Нов директор на Бирото за јавна безбедност, откако претходно од оваа позиција е разрешен досегашниот директор Митко Чавков. Нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е Горан Николовски, а од директорската позиција е разрешен Владимир Атанасовски. За разрешените директори Чавков и Атанасовски е констатирано дека учествувале во недозволиви и незаконски активности против државата.

Исто така, Владата, на денешната седница заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија, Марко Зврлевски да го разреши од функцијата јавен обвинител на Република Македонија. Одлуката за разрешување на републичкиот обвинител Зврлевски е донесена поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Констатирано е дека обвинителот Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил угледот на функцијата.

Владата на денешната седница постави нови директори и на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е наименувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

XS
SM
MD
LG