Достапни линкови

Седница на Владата за кадровски решенија во УБК и БЈБ


Зграда на Владата на Македонија

Владата на денешната седница која се уште е во тек ја усвои одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, објавија дел од медиумите Одлуката на Владата, наредните денови треба да биде испратена во Собранието каде пратениците ќе треба да ја изгласаат иницијативата.

Претходно Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека донел одлука за новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) , и оти одлуката ќе ја достави на седница на Влада на која тие треба да бидат избрани.

Дел од медиумите објавија дека нов директор во УБК ќе биде Горан Николовски кој има долга кариера во МВР и во Управата за безбедност и контраразузнавање. На директорското местото во Бирото за јавна безбедност се очекува да биде поставен Лазо Велковски кој беше на оваа позиција во времето на премиерот Хари Костов

Пред именувањето на новите директори, владата треба да го разреши актуелниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, и на БЈБ, Митко Чавков.

XS
SM
MD
LG