Достапни линкови

Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол


Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој ја водеше земјата во текот на последните денови од Студената војна и во повторното обединување, почина на возраст од 87 години.

Тој одигра значајна улога во промовирањето на европската интеграција и на воведувањето на заедничката европска валута, еврото.

Кол се залагаше за интегрирање на посткомунистичките држави во Европската унија и НАТО, под услов тие да ги исполнуваат условите за членство.

Заедно со неговиот близок пријател, францускиот претседател Франсоа Митеран, Кол се надеваше да ја направи Европската унија рамноправен партнер со САД.

XS
SM
MD
LG