Достапни линкови

Украина: Уапсени осомничените за убиството нa поранешниот руски пратеник


Поранешниот руски пратеник Денис Воренков

Украинските власти соопштија дека се приведени осомничени во врска со убиството на поранешниот руски пратеник Денис Вороненков. Во соопштението националната полиција наведе дека спровела претреси и апсења во источниот град Павлохрад. Полицијата не прецизираше колку осомничените се уапсени и не ги идентификуваше. Вороненков, поранешен член на Руската државна Дума, кој пребегна во Украина и стана критичар на претседателот Владимир Путин, беше убиен на сред бел ден во Киев на 23 март. Полицијата соопшти дека наводниот убиец, Павло Паршов, бил таен руски агент. Паршов почина во болница, откако беше застрелан од ранетите телохранители на Вороненков. Украинскиот претседател Петро Порошенко го нарече убиството "акт на државен тероризам од страна на Русија".

XS
SM
MD
LG