Достапни линкови

Лондон: Бројот на жртви во пожарот се зголеми на 30


Службите за итна помош ја продолжуваат потрагата по телата на настраданите во пожарот што ја зафати станбената кула во Лондон.


Бројoт на загинати во пожарот што ја зафати станбената кула во Лондон се зголеми на 30, соопштија службите за итна помош кои трет ден се во потрага по телата на настраданите.

Командантот на полицијата Стјуарт Синди изјави дека бројот на загинатите во 24-катна кула Гренфел во западен Лондон се очекува и натаму да се зголемува

24 луѓе се уште се во болница, а 12 се во критична здравствена состојба.

Полицијата започна кривична истрага за пожарот од 14 ти јуни.

"Ние ја испитавме оригиналната локација, каде што започна пожарот и не постои ништо што сугерира дека во тоа време пожарот бил намерно подметнат", рече Синди.

На прашањето за бројот на мртвите, тој рече: "Јас би сакал да се надеваме дека тоа нема да биде троцифрена бројка."

Тој исто така рече дека постои "ризик да нема можност да се идентификуваат" сите жртви.

XS
SM
MD
LG