Достапни линкови

Спасовски: На седницата на Владата избор на директорите на УБК и на БЈБ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, донел одлука за новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ)

"Имам одлука кој ќе раководи со Управата за безбедност и контраразузнавање и со Бирото за јавна безбедност, и ќе ја доставам на седница на Влада кога ќе мислам дека треба да бидат избрани“, рече Спасовски.

Владината седница е закажана за 17 часот, а покрај изборот на директорите на УБК и Бирото за јавна безбедност на дневен ред е и одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

XS
SM
MD
LG