Достапни линкови

САД ќе прати речиси 4.000 војници во Авганистан


Aвганистан

Официјален претставник на администрацијата на САД изјави дека Пентагон ќе испрати речиси 4.000 дополнителни војници во Авганистан, со надеж за ставање крај на ќор-сокакот во 16-годишната војна. Неидентификуван официјален претставник изјави дека одлуката може да биде објавена на почетокот на следната недела Најголемиот дел од дополнителни сили ќе ги обучуваат и ќе ги советуваат авганистанските сили, изјави официјалното лице, а помал број ќе бидат за операции против Талибанците и групите на Исламската држава. Запрашан за коментар, портпаролот на Пентагон изјави дека "не се донесени никакви одлуки." Секретарот за одбрана Џим Матис, изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе му даде овластување за да се утврди бројот на војниците во Авганистан. Американски медиуми објавија дека Матис ќе препорача испраќање на уште 3,000-5,000 американски војници САД во моментов има околу 8.400 војници во Авганистан.

XS
SM
MD
LG