Достапни линкови

Лондон- продолжува потрагата по телата на настраданите


Станбената кула која изгоре во пожарот во Лондон

Службите за вонредни состојби во Лондон се трет ден на терен, во потрага по тела на настраданите во станбената кула кој изгоре оваа недела. Полицискииот командант Стјуарт Cинди рече дека "за жал можеби нема да може да се идентификуваат сите жртви " во Гренфел кулата. Полицијата соопшти дека во пожарот што ја зафати 24-катната зграда во западниот дел на Лондон на 14 јуни настрадаа 17 лица, но се очекува бројот на жртвите да се зголеми. Синди рече: „Би сакал да се надеваме дека бројот на настраданите нема да биде тројно зголемен." Во меѓувреме, медиумите објавуваат дека , останатите 65 лица се уште се водат за исчезнати и се стравува дека се загинати во пожарот. Официјални лица изјавија дека 35 луѓе се во болница, од кои 15 се во критична состојба. Полицијата започна кривична истрага за пожарот.

XS
SM
MD
LG