Достапни линкови

Убиен лидерот на ИД ал Багдади?


лидерот на екстремистичката група ИД Абу Бакр ал Багдади снимен во ирачкиот град Мосул, 05.07.2014.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека лидерот на екстремистичката група Исламска држава Абу Бакр ал Багдади можеби бил убиен во руската воздушен напад во Сирија во минатиот месец. Руските новински агенции цитираат извори на Министерството дека користело неколку извори за да ги провери информациите што укажуваат на тоа дека ал Багдади бил убиен во воздушен напад врз јужните предградијата на Рака на 28 мај. Во овој напад загинале околу 330 луѓе, вклучувајќи и неколку високи личности на ИД.

XS
SM
MD
LG