Достапни линкови

Македонија дебитант на Европското првенство за фудбалери до 21 година


Македонска репрезентација во фудбал до 21 година.

Во Полска денеска започнува Европското првенство за фудбалери до 21 година, на кое за прв пат ќе настапи и репрезентацијата на Македонија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски своето деби ќе го имаат утревечер против селекцијата на Шпанија, а во групата Б се уште и репрезентациите на Србија и Португалија кои против кои црвено-жолтите ќе играат на 20 јуни и на 23 јуни.

Во останатите две групи ќе играат:
А група: Англија, Полска, Словачка и Шведска.
Ц група: Чешка, Данска, Германија и Италија.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат победниците во трите групи и најдобрата второпласирана селекција.

На првиот натпреварувачки ден, денеска, ќе играат, Шведска – Англија во18 часот и Полска – Словачка во 20:45 часот.

XS
SM
MD
LG