Достапни линкови

Приведен човек кој возел лавица низ Карачи


илустрација

Пакистанската полиција соопшти дека привела едно лице кое возело лавица низ улиците на Карачи откако видео од инцидентот се прошири низ социјалните медиуми. Во видеото кое на Фејсбук го гледале над милион луѓе се гледа како лавицата лежи во камиончето врзана со поводник и како љубопитните минувичи гледаат во неа. Саглеин Џавед, локален продавач на домашни миленичиња, подоцна бил ослободен со кауција. Тој изјави дека ја возел лавицата на ветеринар и оти ги имал сите неопходни дозволи и документи. Полицијата пак соопшти дека случјот го води како негрижа спрема животните.

XS
SM
MD
LG