Достапни линкови

Германија и Австрија против новите санкции врз Русија


Германија и Австрија остро се спротивставија на новите санкции врз Русија одобрени од Сенатот на американскиот Конгрес поради, меѓу другото, нејзиното мешање во претседателските избори во САД и хакерските напади. Се предлагаат нови санкции во клучните сектори на руската економија, вклучувајќи ги рударството, металната индустрија и железницата. Сенаторите скоро едногласно го усвоија предлог законот кој се однесува и на санкциите врз Иран. Овие закони сега треба да бидат усвоени од Претставничкиот дом на Конгресот.

XS
SM
MD
LG