Достапни линкови

Анѓушев - Веднаш да сопре објавувањето тендери од ЕЛЕМ


РЕК Битола

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев бара веднаш да бидат стопирани процедурите за објавување на јавните повици на АД ЕЛЕМ за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и за изградба на топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од околу 80 милиони евра. Тој вели дека владата се согласува со модернизација на капацитетите на ЕЛЕМ, но сето тоа најпрво треба да помине на владина седница.

На јавноста, додава тој, и е познато дека во изминатите 11 години имаше спорни и незаконски тендерски постапки и избор на изведувачи на тендери објавени од АД ЕЛЕМ, а тоа оваа Влада нема да го дозволи.

СДСМ, пак, преку партиско соопштение, реагира дека сите тендери на ЕЛЕМ внимателно и темелно ќе бидат ревидирани.

Претходно, директорот на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски најави инвестиции од околу 80 милиони евра.

XS
SM
MD
LG