Достапни линкови

Романскиот премиер Сорин Гриндеану исклучен од Социјалдемократската партија


Романскиот премиер Сорин Гриндаену

Членовите на Националниот извршен комитет на владејачката Социјалдемократска партија денеска едногласно го исклучија премиерот Сорин Гриндаену од нивните партиски редови, пренесе Аџерпрес, повикувајќи се на партиски извори.

СДП и нејзиниот помал коалициски партнер Алијансата на либерали и демократи (АЛДЕ) вчера ја повлекоа политичката поддршка за Владата на Гриндеану, но премиерот одби да поднесе оставка.

Сите министри од владата ги депонираа своите оставки.

Извори од СДП, исто така, изјавија дека Националниот извршен комитет на партијата едногласно се изјаснил и за поднесување барање недоверба на владата, за кое ќе се гласа веројатно в понеделник.

XS
SM
MD
LG