Достапни линкови

Алтхаузер – Приемот на Македонија во НАТО под референцата е работа на Скопје и Атина


Германската амбасадорка во Скопје, Кристине Алтхаузер

Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца, изјави дека тоа е работа што треба да ја решат Скопје и и Атина, а Германија е само набљудувач.

„Секако дека е значајно тоа што министерот (Никола) Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не би сакала воопшто да го коментирам бидејќи е тоа работа на двете држави. Тука Германија е само набљудувач“, изјави амбасадорката Алтхаузер по панел дискусијата „Соработката помеѓу општините, компаниите и граѓанскиот сектор – проект Сити 3 за заштита на климата“, организирана од Амбасадата на Германија во Скопје и „Еко-свест“.

XS
SM
MD
LG