Достапни линкови

Трамп - Истрагата за попречување на правдата е резултат на „лажна приказна“


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека истрагата за тоа дали се обидел да ја попречи правдата произлегуваат од „лажната приказна“ за можните судири меѓу членови на неговата кампања и Русија. Трамп ова го напиша денеска на Твитер, откако Вашингтон пост вчера објави дека специјалниот советник Роберт Милер ги истражува наводите дека Трамп се обидел да ја попречи правдата.

Милер го истражува наводното руско мешање во американската претседателска кампања во 2016 година и дали имало судир меѓу членови на кампањата на Трамп со Москва.

„Тие измислија лажен судир со руската приказна, најдоа нула докази, па сега одат со попречување на правдата за таа лажна приказна. Интересно“, напиша Трамп на Твитер.

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кој беше разрешен од страна на Трамп во мај, во сведочењето пред Сенатот минатата недела рече оти верува дека неговото разрешување е поради „руската истрага“.

Коми исто така рече дека Трамп побарал од него да се откаже од истрагата за врските меѓу Мајкл Флин, кој му беше советник на Трамп за време на кампањата и кусо беше негов советник за национална безбедност, и руски претставници.

Трамп негира какви било судири, негови или на неговите соработници, со Русија.

XS
SM
MD
LG