Достапни линкови

Двајца Турци уапсени во САД за тепачката при посетата на Ердоган


Тепачка при посетата на Ердоган на САД

Двајца Турци кои постојано живеат во САД се уапсени од полицијата во врска со немирите и тепачката што се случија во текот на минатомесечната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон.

Насилствата избувнаа во непосредна близина на резиденцијата на турскиот амбасадор во американскиот главен град, кога приврзаници на Ердоган, но и луѓето од неговото обезбедување нападнаа демонстранти кои протестираа против неговата посета на САД.

Уапсените Турци се обвинети за насилство и за насилничко однесување.

Полицијата ги обвинува дека „брутално ги нападнале“ луѓето кои мирно протестирале пред зградата на резиденцијата.

Весникот „Њујорк Тајмс“ пишува дека претседателот Ердоган во тие моменти бил во службениот автомобил и е сведок на сето она што се случувало.

Двајцата уапсени се означени како поддржувачи на турскиот претседател.

Полицијата утврдила дека тие допатувале, специјално, во Вашингтон за да му изразат поддршка на Ердоган, но полицијата не знае дали имаат некаква врска со обезбедувањето на турскиот претседател.

Во време на инцидентот американските медиуми ги обвинуваат луѓето од обезбедувањето на претседателот на Турција дека биле иницијатори за пресметката со противниците на Ердоган и луѓето кои мирно протестирале.

XS
SM
MD
LG