Достапни линкови

Бројот на жртви во пожарот во Лондон порасна на 17


Премиерката Тереза Меј, го посети местото на несреќата.

Во пожарот во една станбена висококатница во западен Лондон, загинаа 17 луѓе, соопшти полицијата. Командантот на полицијата во Лондон, Стјуарт Канди, вели дека 37 луѓе се наоѓаат во болница, а од нив 17 се во критична состојба.

Од противпожарната служба соопштија дека се уште има „непознат број“ луѓе во урнатите на кулата, и додаваат дека пребарувањето на зградата може да трае со недели. Противпожарните екипи спасиле 65 луѓе од пожарот. Локалните власти соопштија дека на 44 семејства им обезбедиле сместување.

Причината за пожарот се уште не е позната, но полицискиот командант вели дека нема сугестии дека пожарот е поврзан со тероризам.

Премиерката Тереза Меј, го посети местото на несреќата и вети целосна истрага.

XS
SM
MD
LG