Достапни линкови

Путин - Нема основа за нови американски санкции против Русија


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема основа за нови санкции против Москва, кои сега ги разгледува американскиот Конгрес. Тој посочи дека целта на западните санкции против Русија е да ја уназадат земјата. Путин ова го изјави во телевизиско интервју кое беше емитувано само 24 часа откако американскиот сенат со големо мнозинство гласаше за зацврстување на економските санкции кон Русија, поради нејзините последни активности во Украина, како и поради обвиненијата за наводно мешање на Москва во минатогодишната изборна кампања во САД. Предлогот за санкции беше дел од поголема мерка во која спаѓаат и санкции кон Иран. Предлогот понатака ќе биде разгледуван и од Сенатот и во Претставничкиот дом. САД и ЕУ воведоа низа на санкции против Русија по нејзината анексија на Кримскиот полуостров во 2014 година. Москва тогаш ги поддржа сепаратистите во Украина, кои убија над 10 илјади луѓе во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG