Достапни линкови

На Косово обвинети девет лица за заговор за терористички напади


Палатата на правдата во Приштина

На Косово вчера беа обвинети девет лица за планирање терористички напади, меѓу другото и на фудбалскиот меч меѓу репрезентациите на Албанија и Израел во минатата година. Тие се дел од групата од 19 луѓе уапсени во серијата акција на Косово, Албанија и Македонија пред овој натпревар во минатиот ноември. „Осомничените се обвинети за планирање терористички напад врз фудбалерите и навивачите од Израел“, се наведува во соопштението на косовското обвинителство.

XS
SM
MD
LG