Достапни линкови

Убиен напаѓачот кој пукаше на републикански политичари во САД


Полиција го обезбедува местото на нападот во Вирџинија.

Напаѓачот кој со огнено оружје пукаше кон група републикански функционери е застрелан и убиен, соопшти полицијата. Станува збор за 66-годишниот Џејмс Т. Хоџкинсон. При нападот повреден е американскиот конгресмен Стив Скејлис, двајца полицајци и еден вработен во кабинетот на конгресменот од Тексас Роџер Вилијамс. Тие играле безбол во Александрија, во државата Вирџинија.

Од Кабинетот на Скејлис соопштија дека конгресменот излегол од операција и е во стабилна состојба, а стабилни се и двајцата полицајци.

„Ќе имаше многу жртви доколку не реагираа двајцата полицајци и го соборија напаѓачот и покрај тоа што имаа прострелни рани во овој многу, многу брутален напад“, рече претседателот Доналд Трамп, пренесува Белата куќа.

XS
SM
MD
LG