Достапни линкови

Расте бројто на жртви од пожарот во Лондон


Пожар во една висококатница во Лондон.

Најмалку 12 луѓе загинаа во пожарот во една висококатница во Лондон, соопшти полицијата. Според нив бројот на жртви може да биде и поголем. Полицијата вели дека ваков пожар не виделе со години. Од противпожарна служба соопштија дека спасиле 65 луѓе, а градоначалникот на Лондон, Садик Кан, вели дека многу од жителите се уште се водат за исчезнати.

Лондонската Брза помош соопшти дека повеќе од 70 луѓе се примени во болница, а 20 од нив се во критична состојба.

XS
SM
MD
LG