Достапни линкови

Точката за избор на заменици министри последна на дневниот ред


Архивска фотографија - Седница на Собрание.

Собранието го усвои предлогот точката за избор на заменици министри да биде ставена последна на оваа седница. Мнозинството во Парламентот го поддржа барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ оваа точка да биде последна за да имаат време пратениците да се подготват за дебата.

Во текот на седницата беше избран и персоналниот состав на Комисиите и на работните тела во Собранието. За одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија гласаа 102 пратенци, а еден беше воздржан.

Останува, изборот на претседател на уште една комисија, како и на неколку членови кои треба да бидат од редовите на БЕСА.

На денешната седница беше разрешен од функцијата заменик на Народниот правобранител Даут Селими поради заминување во пензија.

Собранието донесе и други одлики кои се однесуваат на работни тела на законодавниот дом и одлука за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања.

XS
SM
MD
LG