Достапни линкови

Тилерсон сведочи пред парламентарниот комитет


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон 2017.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска треба да сведочи пред парламентарниот комитет, во време кога Конгресот е поблиску до потврдување на постојните и воведување нови санкции против Москва.

Тилерсон треба да излезе пред парламентарниот Комитет за надворешни работи во 15 часот по средноевропско време на сослушување во врска со буџетот на Стејт департментот за 2018 година.

Се очекува до крајот на неделава Сенатот да гласа за санкции поврзани со наводното руско мешање во американските претседателски избори минатата година.

На вчерашното сослушување во сенатскиот Комитет за надворешни работи, Тилерсон рече дека односите меѓу Вашингтон и Москва продолжуваат да се влошуваат и оти новата американска администрација се обидува да ги стабилизира.

Запрашан дали ќе поддржи нови санкции или Белата куќа можеби ќе стави вето на нов, Тилерсон рече дека сака флексибилност и оти не сака да ги затвори каналите за комуникација со Русија.

Кремљ најави дека можеби ќе преземе возвратни мерки ако се донесат нови санкции.

XS
SM
MD
LG