Достапни линкови

ЕП ги повика Косово и Србија да ги спроведат реформите


Известувачот на Европарламентот за Косово, Улрике Луначек.

Пратениците во Европскиот парламент во текот на денешната расправа за годишниот извештај за Косово, ја повикаа Приштина на брзо формирање на нова влада и спроведувањето на договореното со Белград, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европарламентот од новите косовски власти очекува да ги исполни своите обврски како услов за добивање на безвизниот режим, кои опфаќаат ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, постигнување видливи резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата и формирање на Заедницата на српски општини.

Известувачот на Европарламентот за Косово, Улрике Луначек, во текот на дебата констатира дека во изминатата година во Косово е остварен одреден напредок во односите со ЕУ, но дека, сепак, работите не напредувале колку што сакале и граѓаните и Eвропскиот Парламент.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер денеска во расправата за по извештајот за српскиот напредок изјави дека пораката на Европскиот парламент е оти Белград има иднина во ЕУ и дека очекува отворање нови две поглавја во преговорите со Унијата.

Во дебатата европските пратеници констатираа дека извештајот за Србија е „избалансиран“„, дека земјата напредува, но има недостатоци, пред се во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, почитување на медиумските слободи и слободата на изразувањето, како и Почитување на човековите права.

Европскиот парламент денес ќе гласа за резолуција за Македонија, Србија и за Косово.

Резолуциите немаат обврзувачки карактер, туку се политички препораки на една од трите најзначајни институции на Европската унија.

XS
SM
MD
LG